Незадоволен од својата работа во Берлин во Обединетите нации, каде што работи веќе 29 години, Хауард Силк (Џ.К.Симонс) сака промена.
Откако неговиот шеф му дал до знаење дека не е можна промоција, Хауард дознава дека промоцијата му била дадена на неговиот колега Марсел. Неговиот живот се менува откако дава отказ за да се грижи за својата сопруга Емили, која е во кома по преживеана сообраќајна несреќа.
Набрзо Хауард го запознава Прајм, неговиот двојник од паралелен свет кој е во потрага по Болдвин, која убива луѓе од двата света и бара Хауард да тргне со неа во мисија.
Серијата поставува многу етички прашања, како што се теми за идентитетот, судбината и погрешни одлуки. Џ. К. Симонс воодушевува со неговата глума и како покорен и тивок работник, и како студен и одлучен шпион кој видел многу акција во животот и е најдобар во својата работа.
Дополнително, забавува разликата помеѓу двата света.
Дејството се случува во Берлин, но особено е забавно да се забележат разликите помеѓу овие два света. Хауард воопшто не е свесен дека работи за организација што го следи преминот помеѓу двата универзуми. Уникатноста во серијата е начинот на кој лавиринтската шпионажа, со сите свои неизвесност и нејаснотии, е поставена над длабоките прашања за идентитетот на Хауард и за дејствувањето на неговиот свет.
Фото: Screenshot/YouTube