Секоја година, пред доделувањето на Оскарите, традиционално се доделува наградата која никој во филмскиот свет не би сакал да ја добие - „Златна малина“.
На овогодинешната манифестација дефинитивен победник беше „Fifty shades of Grey“, кој зеде 5 малини: најлош филм, најлош актер и најлоша актерка (Џејми Дорнан и Дакота Џонсон), најлош пар и најлошо сценарио.
Наградата за најлош филм „Fifty shades of Grey“ ја подели заедно со филмското остварување на Џош Тренк „Fantastic four“, а самиот Џош Тренк освои награда за најлош режисер.
Интересно е тоа што Еди Редмејн доби награда за најлоша споредна машка улога за филмот „Јupiter Ascending“, иако минатата година тој го доби Оскарот за најдобра главна машка улога за филмот „The theory of everything“.
Во продолжение погледнете ги (не)среќните добитници.
Најлош филм: „Fantastic Four“ и „Fifty Shades of Grey“
Најлош режиср: Џош Тренк, „Fantastic Four“
Најлош актер: Џејми Дорнан, „Fifty Shades of Grey“
Најлоша актерка: Дакота Џонсон, „Fifty Shades of Grey“
Најлош актер во споредна машка улога: Еди Редмејн, „Jupiter Ascending“
Најлоша актерка во споредна женска улога: Кејли Квоко, „Alvin and the Chipmunks: The Road Chip“
Најлош пар: Дакота Џонсон и Џејми Дорнан „Fifty shades of Grey“
Најлош римејк: „Fantastic Four“
Најлошо сценарио: „Fifty shades of Grey“
Наградата за искупување му припадна на Силвестер Сталоне. Оваа награда се доделува на поранешен добитник на „Златна малина“, кој се искупил со добра улога, а оваа година Сталоне и тоа како се докажа во улогата на Роки Балбоа во филмот „Creed“.