Маркетинг-агенција им платила двонеделен одмор на Бали, Индонезија, на сите вработени. Станува збор за фирмата „Суп ејџенси“ од Австралија.
Патувањето било работно, што значи дека вработените требало да работат неколку часа оттаму, но сепак имале доволно време за одмор и забавни активности. Ова бил прв ваков одмор на компанијата кој ги зближил вработените и ги мотивирал.
Директорката била инспирирана за одморот откако забележала дека луѓето успешно работат и кога не се во канцеларија.
- Мислам дека е важно фирмите да работат заедно како тим, за време и надвор од работните часови - изјавила директорката Катја Вакуленко.
Патувањето им овозможило на вработени лица од различни оддели да се запознаат и да работат заедно.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay