X
 08.06.2021 Живот

Еве како да аплицирате за ваучери од 12.000 денари за одмор

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.
Оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија, кои претходно се пријавени во Министерството за економија.
Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани што ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари, ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година во некој од угостителските објекти од листата со пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страницата на Министерство за економија.
Оваа мерка има цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата, да го искористат правото на годишен одмор и истовремено да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.
Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден - прв услужен“.
Потврдата за користење средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кој му е издадена, заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.
Едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор.

За учество по Јавниот повик, работниците со ниски приходи – баратели, до Министерството за економија треба да достават:
- Пополнет образец за барање (готов формулар);
- Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата;
- Извод од банка за последните три (3) месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија;
- За подносителот на барањето потребно е да се достави извод на матична книга на родените;
- За подносителот на барањето доколку аплицира со брачен пар треба да достави Извод на матична книга на венчани, доколку аплицира како разведено лице треба да достави Пресуда за развод на брак издадена од надлежен суд, доколку аплицира сам во случај на смрт на брачниот пар треба да достави Извод на матична книга умрените;
- Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за членовите на потесното семејство над 18 години доколку не се вработени да се достави документ од АВРМ;
- Фотокопија од лична карта или патна исправа за подносителот на барањето и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот;
- Изјава дека барателот лично или со членовите на потесното семејство кои се наведени во барањето ќе го користат одморот (готов формулар);
- За деца под 18 години се доставува извод од матична книга на родени.
- Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (личните податоци и финансиските средства), потпишана од подносителот на барањетo (заверена на нотар).


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот