X
 26.06.2023 Живот

Какви се цените во Грција летово?

Цените во Грција годинава го следат трендот во Европа и се незначително повисоки од претходните години.

Сепак, цените на храната, намирниците и разни производи и услуги варираат од место до место, од остров до остров. Додека топка сладолед во некое летувалиште на северот од Грција може да чини само едно евро, на Миконос може да чини значително повеќе. Факт е дека цените на островите главно се повисоки.

Овој список може да ви биде од помош во планирањето на буџетот за одмор доколку планирате да одите на одмор во Грција.

Леб = 1,10 - 1,90 €
Млеко (1 литар) = 1 - 2,50 €
Јајца (пакување од 12 јајца) = 2,20 - 4 €
Кечап = 2 - 4 €
Мајонез = 3 - 4 €
Сончогледово масло (1 литар) = 2 - 2,50 €
Маслиново масло (1 литар) = 5 - 7 €
Путер = 4 -5 €
Јогурт = 2 -4 €
Тестенини - 1 -2 €
Тоалетна хартија = 4 -10 €
Килограм брашно = 1,30 - 1,90 €
Шеќер (1 кг) = 1,20 €
Фета сирење (1 кг) - 7 -11 €
Кашкавал (200 г) = 3 - 4 €
Салама (кг) = 7 -16 €
Домати (кг) = 1,50 - 2,50 €
Краставици (парче) = 0,50 - 0,80 €
Компир (кг) = 1 - 2 €
Пиперки (кг) = 2 - 3 €
Тиквички (кг) = 0,80 - 1,30 €
Јаболка (кг) = 0,90 - 2,20 €
Праски (кг) = 1,80 - 2,50 €
Кајсии (кг) = 2,60 - 3 €
Цреши (кг) = 1,50 - 3 €
Јагоди (едно пакување) = 2 - 5 €
Лубеница (кг) = 1,20 -2 €
Лимон (кг) = 1 - 1,40 €
Пакет вода од 6 шишиња од 1,5 литар = 1,10 - 2 €
Домашно пиво (0,5 л) = 0,80 - 2 €
Увозно пиво (0,33 л) = 1 - 3 €

Цени во ресторани и кафулиња

Гиро сендвич = 3,50 - 4,50 €
Гиро порција = 7 - 10 €
Суфлаки пита = 2,50 - 4 €
Оброк во поевтин ресторан = 10-15 €
Оброк во поскап ресторан = 30 - 50 €
Пица = 6 - 12 €
Скара = 6 - 14 €
Риба = 6 - 60 €
Салати = 6 - 8 €
Домашно пиво = 4 - 5 €
Увозно пиво = 4 - 6 €
Сокови = 3 - 5,50 €
Вино = 2,50 - 22 €
Фрапе кафе = 2,50 - 3,50 €
Капучино = 3 - 3,50 €
Коктели = 8 - 15 €
Жестоки пијалаци = 2 - 6 €
Шише вода (0,33 л) = 0,50 - 1,30 €

Месо и риба


Свежа риба (кг) = 5,50 - 15 €
Мелено месо (кг) = 6,57 - 7,50 €
Свински врат со коски (кг) = 5,89 €

Останато

Палачинка = 2,50 - 5 €
Пченка = 2 - 3 €
Топка сладолед = 0,90 - 2 €

Цени на реквизити за плажа


Простирки = 4,50 - 7 €
Чадори = 7 - 12 €
Душеци - 6 - 30 €
Пешкири = 5 - 15 €

Цени за изнајмување превозни средства за еден ден

Велосипед = 10 €
Скутер = 10 - 40 €
ATV = 30 - 60 €
Автомобил = 25 - 70 €

Извор: Grcka Info
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот