Познатиот српски актер Марко Николиќ почина на 72-годишна возраст. Смртта на актерот ја соопшти неговата ќерка Мина Николиќ на социјалните мрежи.
Таа на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со татка си, покрај која ги напиша годините на неговото раѓање и на неговата смрт.
Николиќ беше најпознат по улогата на Драгиша Попадиќ нарекуван Гига Моравац од
серијата „Бољи живот“.