X
 22.09.2022 Култура

„Нетфликс“ претстави застрашувачки трејлер за нова хорор-серија

„Нетфликс“ објави застрашувачки трејлер за својата нова серија „Полноќен клуб“ (The midnight club).

Серијата ќе пристигне на 7 октомври, пред Ноќта на вештерките, а нејзини креатори се лицата што стојат зад „Прогонувањето на куќата Хил“ (The haunting of Hill house), што значи дека очекувањата се големи.

Серијата е адаптација на истоимениот роман на Кристофер Пике од 1994 година, а следи осум млади болни пациенти кои се среќаваат на полноќ за да раскажуваат страшни приказни. Тие склучуваат морничав пакт: првиот што ќе почине мора да испрати знак од другата страна.

Серијата ќе има 10 епизоди.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура