Шефот на „Вирџин“ предвидува дека пандемијата на коронавирусот ќе биде причина за прекин на меѓународното патување со авион најмалку до 2023 година
Извршниот директор на „Вирџин“, Пол Скура, истакна дека можеби нема да има враќање на прекуморските летови за авиокомпанијата уште три години откако пандемијата на
Ковид-19 ги десеткуваше летовите.
Од авиокомпанијата соопштија дека нискобуџетната авиокомпанија „Тајгерер“ ќе биде затворена и 3.000 работни места ќе бидат изгубени како дел од нејзиното повторно лансирање под „Бејн капитал“.
Исто така, летови до подалечните дестинации се паузирани за предвидливата иднина.
Скура истакна дека кратењата биле тажно дополнение на веќе тажната година за авиокомпанијата и авијациската индустрија, но дека немало друг начин за продолжување за бизнисот.
- Ние сакаме повторно да летаме на долги дестинации, само што не можеме да видиме дека тоа ќе се врати во следните неколку години - рече тој.
Скура додаде дека тој се надева оти ќе може да покани околу 2.000 вработени да се вратат кога индустријата ќе закрепне од пандемијата, која принуди многу земји да ги затворат границите. Во соопштението тој откри и дека многу австралиски аеродроми забележуваат бројки на патници од помалку од 3 отсто од истиот период лани.
Извор и насловна фотографија:
news.com.au