X
 17.05.2017 Живот

Веб страница која ви овозможува да патувате низ светот - под еден услов

Замислете се себеси како престојувате на прекрасни места - од француски куќи до вили на австралиските плажи. Секако, под еден услов - да се грижите за нечии домашни миленичиња. Сето ова ви го овозможува компанијата „Trusted Housesitters“ за околу 100 долари годишно.

Концептот е едноставен, а сепак генијален - ги поврзува луѓето кои сакаат да патуваат низ светот, меѓутоа се чувствуваат виновни затоа што ги оставаат миленичињата. Затоа, тие изнајмуваат проверени патници кои би се грижеле и за нивната куќа и за нивните домашни миленици во замена за сместување.

За да можете да се грижите за куќите/милениците, потребно е да создадете добра репутација. Тоа е релативно лесно - доколку сте подготвени да бидете дадилка за миленичиња, со што ќе добиете добри препораки. Вашите шанси за исполнување на соништата се многу повисоки ако обезбедите некој да ви напише „рецензија“ на вашиот карактер како и да овозможите проверка на личните документи онлајн.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот