X
 13.12.2018 Живот

Погледнете во што се вози заменик-градоначалникот на еден од најбогатите европски градови

Според информациите на Евростат, Салцбург е меѓу најбогатите европски региони. Градот Салцбург е еден од најубавите градови во Европа, еден од најстарите и најубави градови во Австрија, еден од најпознатите градови за култура во светот и спаѓа меѓу најбогатите европски градови според БДП на жител. Но, тоа не ги спречува локалните политичари да бидат скромни и еколошки свесни.

Хајнц Шаден, поранешен градоначалник на Салцбург, е познат како љубител и корисник на велосипедот како превозно средство. Исто така, многу други локални политичари користат велосипед како превозно средство. Скромноста и еколошката свест кај многу политичари не доаѓаат само кога времето е убаво, туку се нешто што се подразбира.

На пример, иако надвор паѓа снег, заменик-градоначалникот го искористил градскиот автобус за да оди на работа. Значи, заменик-градоначалникот на еден од најбогатите европски градови и човек кој е член на Претседателството на европскиот и светскиот совет на „Фолксваген“ од 2012 година користи јавен превоз. Нормално, како и сите други граѓани.

Одличен пример за скромност и еколошка свест и некој од кој треба да земат пример нашите политичари.

1
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот