Дали заспивате набргу штом ќе почнете да читате книга? Не сте единствени, а за тоа има и објаснување.
Како што пишува „Сајенс фокус“, можеби за тоа е виновен вашиот кревет, кој е премногу удобен. Најчесто кога читаме, се обидуваме тоа да го правиме во удобна положба, седнати или легнати. Тогаш сме во тивка просторија, а многу често читаме на крајот од денот или откако сме имале активности што барале повеќе енергија.
Фото: Pixabay
Сето ова прави да се чувствувате релаксирани и поспани кога читате. Освен тоа, текстот што ви е интересен ќе ви го одвлече целото внимание и ќе заборавите на сите грижи што обично ве држат будни, што дополнително ве релаксира.
Постои и уште една причина зошто ви се спие кога читате книга. Едноставно, читањето ви е здодевно, па ве уморува трудот да продолжите да читате или истовремено мечтаете, што исто така може да ве успие.
Извор:
Science Focus