Чарлс Догсон починал на 14 јануари 1898 година. Објавил 15 книги пред својата смрт, но ниедна од нив не била позната како славната „Алиса во земјата на чудата“.
Чарлс бил пријател со семејството Лидел долго време, а таткото на трите ќерки, Хенри Лидел, бил декан на Христовата црква во Оксфорд. Чарлс се спријателил со семејството и често ги носел децата на пикник, каде што им раскажувал фантастични приказни и многу пати ги фотографирал. Фотографијата исто така, била негово хоби. Омилено од девојчињата му била Алиса. Нивното пријателство одненадеж завршило во јуни 1863 година, од непознати причини. Некои биографи шпекулираат дека Чарлс имал несоодветни и романтични чувства за Алиса и сакал да се ожени со 11-годишното девојче. Некои тврдат дека Лорина, постарата сестра на Алиса била вљубена во Чарлс, па таа ги прекинала неговите релации со семејството. Сепак, нивната приказна ќе остане мистерија, бидејќи страниците од дневникот на Чарлс од тој период се исчезнати, а фотографиите запалени.
Алиса била четвртото дете во семејството, родена на 4 мај 1852 година. Се омажила за Реџиналд Харгривс, крикет играч од Англија, кога имала 28 години. Имала три сина: Алан, Леополд и Карил. Првите двајца починале во Првата светска војна, а третиот си основал свое семејство по војната. Заради смртта на својот сопруг и неможноста да ја одржува куќата, била принудена да ја продаде.
Книгата „Алиса во земјата на чудата“ била презентирана на универзитетот Колумбија, а Алиса била повикана на презентацијата. Таму, таа го сретнала Питер, кој заедно со неговите браќа, бил инспирација за креирање на уште една позната книга „Петар Пан“. Алиса починала на 16 ноември 1934, на 82 години.
Иако вистинската
Алиса Лидел и онаа од познатата книга изгледале различно, сепак таа му била инспирација на Чарлс Догсон за креирање на познатиот лик. Книгата до сега е продадена во повеќе од 100 милиони копии.