X
 13.10.2022 Живот

Нов тренд во светот - сѐ поголем број луѓе одат на одмор за да се наспијат

Денес, сè повеќе луѓе се жалат на недостиг на сон. Постојат многу причини, од анксиозност до промени во животниот стил, како и здравствени проблеми. Но, дали некогаш сте размислувале за патување како терапија за несоница? Ви звучи чудно?

Еден од трендовите што се појавија по ковид-пандемијата е туризмот за спиење.

Иако угостителскиот сектор веќе некое време е запознаен со овој тренд, неговата популарност се зголеми во последните години, па голем број хотели сега се фокусираат на искуството за спиење. Тоа значи дека гостите можат да се пријават во хотели приспособени исклучиво за мирен сон.

Хотелите во Њујорк и во Лондон денес нудат соби со капацитети за спиење и звучна изолација. Некои нудат медитации за спиење, избор на перници и посебен час за спиење.

Други го подигнаа туризмот за спиење на повисоко ниво нудејќи им на гостите програми за спиење, односно информации за моменталните шеми на спиење по две ноќи следење на спиењето. Други соработуваат со клиниките за спиење за да им понудат на гостите програми што го проучуваат спиењето за да ги идентификуваат потенцијалните нарушувања на спиењето.

Има и кревети контролирани со вештачка интелигенција кои ги приспособуваат точките на притисок и температурата додека спиете, се нудат есенцијални масла, маски за спиење и книги што ќе ве натераат да спиете.

спиење
Фото: Freepik

Зошто спиењето одеднаш стана толку важен предмет на туристичката индустрија?

Д-р Ребека Робинс, истражувач на спиењето и коавтор на книгата „Спиење за успех“, смета дека оваа промена е задоцнета, особено кога станува збор за хотелите.

- Патниците резервираат хотели за да се наспијат - вели таа, истакнувајќи дека во минатото хотелската индустрија се фокусирала на работи што всушност го попречувале сонот.

- Луѓето честопати ги поврзуваат патувањата со луксузни оброци, легнување доцна, разгледување знаменитости и работи што ги правите додека патувате, за сметка на спиењето. Мислам дека има огромна промена во нашата колективна свест и приоритетите околу здравјето и благосостојбата. Се чини дека глобалната пандемија одигра голема улога во тоа - заклучува д-р Робинс.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот