Институтот „Квакарели Симондс“ (QS) секоја година прави листа на најдобри градови за странски студенти со која споредува над 100 дестинации за студирање во кои има барем 2 универзитети и најмалку 250.000 жители.
Во составувањето на ранг-листата, институтот зема предвид повеќе фактори, како рангирање на универзитетите, безбедноста и цената на живот во градовите, но и мислењата на идните студенти.
На врвот на листата за 2022 година се наоѓа Лондон. Во Лондон се наоѓаат дури 18 универзитети кои се на листата на најдобри универзитети според институтот.
Следен на листата е Минхен, а третото место го делат Сеул и Токио. Следни на листата се Берлин, Мелбурн, Цирих, Сиднеј, Бостон, Париз и Монтреал.
Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay