X
 04.06.2020 Образование

Американските универзитети ќе загубат до 4,5 милијарди долари поради пад на бројот на странски студенти

Колеџите и универзитетите во САД се подготвуваат за намален број странски студенти во следната академска година. Според претпоставките, универзитетите ќе изгубат околу 4,5 милијарди долари од своите приходи поради намалениот број странски студенти во новиот семестар. Пандемијата ќе влијае и врз интересот на странските студенти во иднина, покажуваат извештаи за влијанието на Ковид-19 врз високото образование во САД.

Речиси 90% од 599 високообразовни институции што биле дел од анкета на Институтот за меѓународно образование изјавиле дека очекуваат пад во бројот на странски студенти оваа есен. 30% од нив очекуваат значително намалување на бројот. Околу 85% очекувале намален интерес на американските студенти за студирање во странство следната академска година.


Фото: Pixabay

Според анализа на асоцијацијата на меѓународни едукатори НАФСА спроведена на 346 институции, факултетите и универзитетите ќе изгубат најмалку 3 милијарди долари поради намалените приходи од странски студенти. НАФСА претпоставува дека универзитетите веќе изгубиле вкупно 1 милијарда долари од скратените или откажаните програми, а се потрошиле над 600 милиони долари во пролетниот семестар за поддршка на странските студенти и вработени кои останале на кампусите за време на пандемијата.


Фото: Pixabay

Според претпоставките на Американскиот образовен совет, американските универзитети ќе имаат 25% помалку странски студенти наесен. За државната економија, оваа загуба се проценува на 10 милијарди долари и 114.000 изгубени работни места. Поголемиот дел од универзитетите (83%) во САД веќе ги откажаа своите летни програми, а мал дел (17%) ги откажале и програмите за наесен.

Автор: Мери Бет Марклајн
Извор: universityworldnews.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование