Студентите во Англија во моментов се во незавидна ситуација. Професорите на над 40 универзитети најавија штрајк поради лошите работни услови, намалени пензии и намален морал, а некои студенти нема да може да дипломираат годинава поради тоа.
Сепак, постои уште еден проблем со кој се соочуваат англиските студенти. Имено, тие ќе мора да ги отплаќаат студентските кредити во период од 40 години, наместо 30 како досега. Ова се дел од реформите чија цел е да се заштедат пари во буџетот. Поради промената, се очекува бројот на студенти што целосно ќе го отплатат студентскиот кредит да се зголеми на 52 отсто од сегашните 23 отсто. Меѓутоа, многу дипломци ќе го отплаќаат студентскиот кредит речиси до пензија.
Во рамките на новите реформи се предвидува и намалување на каматните стапки на студентските кредити за новите студенти, но дипломците ќе треба да почнат да го отплаќаат кредитот порано.
Фото: Pixabay
Бриџит Филосон, секретар во Министерството за образование и претставничка на Лабуристичката партија, ја обвинува Владата дека со мерките воведува уште еден скриен данок за новите дипломци кој најмногу ќе ги погоди оние со ниски примања.
Се смета дека со новата мерка студентите ќе отплаќаат 81 пени на една фунта, во споредба со сегашните 59 пени на секоја фунта. Според пресметките, дипломираните студенти кои би заработувале 28.000 фунти годишно би требало да издвојуваат 17 фунти месечно за отплаќање на студентскиот кредит.
Извори:
Moj faks |
Guardian
Насловна фотографија: Pixabay