X
 15.03.2019 Живот

Дали Лондон е најдождливиот град во светот?

Според податоците на британските служби за метеорологија, во период од 30 години годишно имало во просек по 106,5 врнежливи дена. Тоа значи дека во текот на 29 отсто од годината врнело дожд, додека во просек во текот на 71 отсто од годината било суво. Станува збор за податоци за Лондон, еден од најврнежливите градови на светот. Или не баш?

Имено, Мајами и Орландо имаат повеќе дождливи денови во годината, дури 135, а Флорида има 117, што е повеќе од Лондон. Њујорк има 122 дождливи дена годишно.

Верувале или не, листата е уште подолга, па и метрополи како Вашингтон, Рио де Жанеиро, Сиднеј и Мексико Сити во просек имаат повеќе дождливи денови од озлогласениот Лондон.

Без оглед на овие податоци, точно е дека во Лондон во текот на поголемиот дел од годината е тмурно. Тоа е поради појасот од многу силни, претежно западни воздушни струи кои ја опкружуваат Британија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот