X
 07.08.2022 Живот

Што се случило со телата по нападот на Перл Хаброр?

Навикнати сме да гледаме членови на војската, кои ги дале своите животи во служба на нацијата, да се погребуваат со голема почит. Во Америка овие лица се погребуваат на националните гробишта Арлингтон и други вакви значајни места.

Но, трогателно е да се знае дека местото на вечно почивалиште на голем дел од 2.403 војници кои биле убиени во нападите на Перл Хаброр, на 7 декември 1941 година, според пописот во САД, сè уште се води под водите на пристаништето, без да може да се оддаде почит на секој поединец.

Ненадејното воздушно бомбардирање на Перл Харбор, кое дошло без никакво предупредување од нација која сè уште не им објавила војна на САД, било толку смртоносно што сè уште е тешко да се сфати големината на настанот. Посмртните останки на повеќе од 1.000 војници сè уште лежат во пристаништето или се засекогаш заглавени во урнатините на бродовите на кои служеле.

1.104 војници загинале на воениот брод „УСС Аризона“


Нападите на Перл Харбор биле извршени од 353 јапонски авиони лансирани од шест носачи на авиони; ненадејниот напад го предвидувал влегувањето на САД во Втората светска војна, објавен еден ден подоцна. Вкупно 1.104 мажи биле убиени, што е најголема загуба на животи на оние што служеле на бродовите во Перл Харбор, според податоците на американската Влада. Од 1.511 членови на екипажот, 1.177 загинале; преживеале само 334.

Со оглед на тоа што на бродот имало оружје, по нападот, бродот горел два и пол дена. Бидејќи повеќето од жртвите веднаш биле убиени, само 107 тела можеле да бидат идентификувани. Преостанатите 1.070 мажи биле класифицирани како непронајдени и непрепознатливи. По само неколку месеци од нападите претставниците на американската Влада одлучиле дека „УСС Аризона“ ќе биде задржан во пристаништето и ќе биде назначен како место за масовна гробница.

1
Бродот „Аризона“ за време на нападите/Фото: Wikipedia

Одлуката била донесена по долго размислување. Денес, бродот се наоѓа на своето лежиште како свето место за аџилак, со белата градба налик на крилја изградена над неа и пречекува 1,7 милион посетители годишно.

Воениот брод „УСС Оклахома“ е на дното на Пацификот

Колку и да била сурова судбината на оние што загинале на „УСС Аризона“, како и на нивните семејства, во еден поглед, уште полошо било за 429. морнари убиени на „УСС Оклахома“. Погоден од осум торпеда во првите 10 минути од нападот, бродот веднаш се превртел, заробувајќи ги оние што се наоѓале во неговиот труп. Подоцна бродот потонал во средината на Пацификот. Споменикот на островот Форд во Перл Харбор е посветен на оние што загинале на превртениот брод.

106 лица биле убиени на бродот „УСС Западна Вирџинија“

Овој брод бил погоден од две бомби и седум торпеда. Во нападите, вештите маневри на смртно ранетиот капетан Мервин Бенион, кој издавал наредби додека лежел, обезбедиле бродот да остане исправен додека потонувал, осигурвајќи дека бродот нема да се преврти и ниту еден морнар нема да биде заробен во трупот.

2
Бродот „Западна Вирџинија“/Фото: Wikipedia

Но, некои биле заробени во дел од запалениот брод. Телата на 70 мажи биле пронајдени додека мајстори работеле на доградба на бродот, две години подоцна. Уште пострашно било тоа што бил пронајден календар во кој бил обележан секој ден по нападот, до 23 декември.

На бродот „УСС Калифорнија“ загинале 98 војници

Овој брод успеал некако да ги задржите ударите, но сепак му биле потребни два дена да потоне на дното на пристаништето. Војниците на бродот успеале храбро да се борат со напаѓачите, за што добиле Медал на честа, најпрестижна воена награда во САД.

Бродот „УСС Јута“ бил прогласен за втора масовна гробница на Перл Харбор

Бродот „Јута“, кој бил повлечен од употреба во времето на нападот на Перл Харбор, бил нападнат по грешка од јапонски пилот. Биле убиени 58 мажи откако биле заробени во трупот и откако се обиделе да испливаат до брегот. Бродот сè уште се наоѓа на своето место, со телата на луѓето што се наоѓале на бродот.

Бродот „УСС Шо“ е олицетворение на нападот на Перл Хаброр

„УСС Шо“ претрпе сериозни оштетувања од јапонскиот напад на 7 декември 1941 година. Муницијата на бродот била запалена 30 минути по нападите, што резултирало со огнена топка што на јавноста ѝ ја дала најкултната слика за нападите во Перл Хаброр.

Бродот „УСС Пенсилванија“ бил еден од ретките што возвратиле на огнот

2
Бродот „Пенсилванија“ зад урнатините на друг брод/Фото: Wikipedia

Џиновскиот воен брод „УСС Пенсилванија“ имал повеќе среќа. Издржувајќи неколку директни удари, екипажот успеал да отвори оган кон јапонските авиони тој ден.

Нуркачи им оддаваат почит на загинатите во Перл Харбор


Поради големата почит што мора да се покаже кон мртвите чии останки се засекогаш погребани во Аризона и другите потонати во Перл Харбор, само неколку, специјално избрани нуркачи имаат привилегија да го истражуваат пристаништето. На овие нуркачи им е дозволено да им оддадат почит на луѓето чии останки засекогаш ќе бидат погребани на бродот, кој сега е обложен со корали и сунѓери.

Извор: Grunge.com
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот