X
 14.05.2017 Живот

Апсурдноста на војната: „Ниту еден офицер не загина, загинаа само моите пријатели“

Во две-минутно интервју направено на 27 јуни 1991 година, на почетокот на војната во Словенија, тогаш 19 годишниот војник на ЈНА, Бахрудин Калетовиќ од Тузла кажа нешто што совршено ја опишува апсурдноста на војната и убиствата на просторите на поранешна Југославија.

Бахрудин во 1991 година бил војник на ЈНА, а во Словенија станал еден од симболите на конфликтот.

Новинарот Ивица Пуљиќ го интервјуирал тогаш младиот војник додека држел позиција на Краковскиот Гозд.

На прашањето дали знае зошто се води војната, тој вели:

„Од каде да знам јас. Тие сакаат да се отцепат, а ние не им дозволуваме“, изјави 19 годишното момче.

На прашањето: „Каква е состојбата?“, младото момче одговори: „Е*ено, ете таква“.

„Дали знаете против кој се борите?“ е следното прашање упатено до момчето, на кое момчето искрено одговара: „Од каде да знам, само знам дека пукаат во нас и ништо повеќе“.

„Ниту еден офицер не загина, загинаа само моите пријатели, денес тројца. Не знам каде ми е главата, кој ден е, каде е позицијата, колку години имам. Само го молам Бога жив да останам“.

Изјавата на Бахрудин е она што ја опишува апсурдноста на војните во светот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот