X
 19.12.2017 Живот

„Репортери без граници“: Годинава загинале 65 новинари

65 новинари, меѓу кои 50 професионалци, 7 новинари-граѓани (блогери) и 8 соработници на медиуми се убиени во светот во 2017 година, се наведува во годинешниот извештај на „Репортери без граници“.


Ова значи дека во 2017 година е најмал бројот на убиени професионални новинари во последните 14 години, истакнуваат од организацијата. Тоа е главно резултат на подобрата заштита на репортерите, но и на фактот што новинарите заминуваат од опасните земји. Најопасна држава за новинарите е Сирија. Од 65 убиени новинари (професионалци и непрофесионалци), 39 биле мета на планиран напад, а 26 загинале при извршување задача.

Инаку, во Сирија се убиени 12 новинари, потоа се Мексико (11), Авганистан (9), Ирак (8) и Филипини (4).  Помалиот број новинарски жртви во споредба со ланската година, кога бројката изнесувала 79, што е пад за 18%, е поврзан со зголемувањето на свеста за нужноста за подобра заштита на новинарите и поголемиот број кампањи кои во таа смисла ги водат меѓународните организации и самите медиуми, оценуваат од „Репортери без граници“. Но, и поради фактот што земјите што станале премногу опасни остануваат без своите новинари. Таков е случајот со Сирија, Ирак, Јемен и Либија – земји од кои новинарите масовно си заминуваат.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот