X
 07.08.2023 Живот

Имате проблем на работа поради социјалните мрежи? Илон Маск ќе ви помогне

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, планира да ги покрие правните трошоци на луѓето чии работодавци ги третирале неправедно поради објавите или „лајковите“ на социјалната мрежа порано позната како „Твитер“.

Ако вашиот работодавец ве третира неправедно за објавување или „лајкнување“ на нешто на оваа платформа, мрежата ќе ги финансира вашите правни трошоци, објавил Маск, додавајќи дека нема да има ограничување за финансирање на сметката.



Маск кон крајот на јули открил дека месечните корисници на X достигнале „нов максимум“ и сподели графикон кој ја покажува најновата бројка која надминува 540 милиони корисници. Истовремено, компанијата минува низ организациски промени и се обидува да ги зголеми моментално опаѓачките приходи од реклами.

Во јули, Маск го преименуваше „Твитер“ во X и го претстави новото лого што го замени 17-годишното препознатливо лого со сина птица. На почетокот на јули, сепак, тој објави дека готовинскиот тек е сè уште негативен поради пад од речиси 50 отсто на приходите од реклами и големиот долг. Зголемувањето на приходите од реклами што се очекуваше во јуни не се оствари.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот