Нема сомнение дека изградбата на град на планета која е оддалечена стотици милиони километри ќе биде ужасно скапа. Всушност, извршниот директор на „Спејс Екс“, Илон Маск, проценува дека тоа би чинело некаде помеѓу 100 милијарди и 100 билиони долари.
За да може да сфатиме колку е тоа, може да го наведеме фактот дека Марсополис би можел да чини некаде помеѓу 10 отсто од воениот буџет на САД за 2019 година и сума која е трипати поголема од даночниот приход на САД за 2018 година.
За да дојде до таа процена, Маск пресметал дека приближните идни суми за испраќање минимален багаж до Марс би биле 100.000 долари за тон. Во 2017 година Маск процени дека тоа би чинело околу 140.000 за тон.
Значи, ако милион тони багаж треба да се испратат за самоодржлив град, вкупната цена би била околу 100 милијарди
долари.
За „Спејс Екс“ да може да ја почне изградбата на првиот град на друга планета, ќе мора прво да ја крене ракетата „Старшип“ од земјата, и тоа е само почетокот.
Ако сè се одвива добро, џиновската ракета би можела да пренесе 100 тони товар на Марс - ако „Спејс Екс“ прво најде начин да дополни гориво во ракетата во орбитата.