„Линкедин“ штотуку извести за купувањето на „Lynda.com“, платформа за високо образование.
„
Линкедин“ го купи сервисот за електронско учење „Lynda.com“ за 1,5 милијарди долари во кеш и акции. Со ова компанијата покажува дека станува повеќе од платформа за онлајн-резимиња.
„Lynda.com“ е платформа за едукативни видеа. Голем дел од видеата се фокусираат на добивање професионални вештини и ќе бидат интегрирани со многу делови на „Линкедин“. На тој начин, кандидатите за вработување ќе ги бараат вештините кои се бараат за одредена работа и ќе може да слушаат курсеви за добивање на тие вештини, со што ќе покажат доказ за знаењето.
„Мисиите на двете компании се вкрстени. Двете компании сакаат да им помогнат на професионалците да бидат подобри во тоа што го работат“, изјави Џеф Вејнер, извршен директор на „Линкедин“.
Многу експерти од индустријата досега изјавувале дека „Линкедин“ има потенцијал да стане високообразовна институција на свој начин. Платформа како „Линкедин“ може да ја даде вредноста која бесплатните онлајн-курсеви ја немаат засега.