X
 06.05.2020 Живот

Најконтроверзните објави на „Твитер“ од Илон Маск

За време на едно интервју Илон Маск ја нарекол социјалната мрежа „Твитер“ воена зона.

Претприемачот привлече огромно внимание поради неговите објави на истата социјална мрежа последниов период. Некои од нив го чинеле многу пари. Многу од неговите постови на „Твитер“ се шеги, а изминатата година тој самиот рекол дека не треба сериозно да се сфаќаат неговите објави бидејќи тој е секогаш „луд“ на „Твитер“.



Фото: Wikipedia

Сепак, тешко е објавите да не се разберат сериозно кога тие ги чинат неговите инвеститори милијарди долари. Минатата недела Маск објави дека според него, цената на акциите на „Тесла“, една од неговите компании, е премногу висока.



Како резултат на објавата, вредноста на компанијата на берзата паднала за 14 милијарди долари, а само неговиот удел во компанијата изгубил 3 милијарди долари од вредноста. Многумина не беа задоволни од објавата на Маск, но тој не запре тука.

Набрзо по објавата за вредноста на акциите на „Тесла“ следуваше нов пост од претприемачот дека планира да го продаде речиси целиот свој имот.




Некои мислат дека станува збор за шега, но некои веруваат дека тој е сериозен. Навистина, Маск огласил дел од неговите вили.

Кога станува збор за коронавирусот, реакцијата на Маск е неочекувана. Минатата недела тој со големи букви напиша „Ослободете ја Америка сега“, веројатно алудирајќи на мерките за ограничено движење кои се наложени во одредени сојузни држави за да се намали ширењето на коронавирусот.



Тој, исто така, неточно предвидел дека веројатно нема да има нови случаи на коронавирус во САД до крајот на април. Тој ја нападнал Си-ен-ен за објавување известување од властите во кое се вели дека болниците не ги добиле респираторните машини што Маск ветил дека ќе ги испрати.

Во една објава од 2018, која сега е избришана, Маск го нарекол педофил британскиот нуркач Вернон Ансворт, кој нуркал во тајландската пештера за време на операцијата за спасување на групата заглавени момчиња. Ансворт претходно изјавил дека минијатурната подморница што Маск ја дизајнирал и ја испратил во Тајланд за да помогне во мисијата не била ефективна и нејзината цел била да го зголеми публицитетот на Маск.

Претприемачот подоцна му се извинил на Ансворт и го избришал твитот. Сагата не завршила тука бидејќи Маск подоцна повторно го споменал Ансворт во објава во која изгледа дека, според него, нуркачот е виновен за „кавгата“.



Во 2017 г. Маск го критикувал јавниот транспорт на една конференција, велејќи дека мора да се дели простор со големи групи непознати лица. Тој не бил учтив кога одговарал на коментар на неговата критика, како што може да се види.



На 7 август 2018 се шегувал дека планира да ги купи сите акции на „Тесла“, што довело до тужба од американската комисија за хартии од вредност. Маск морал да плати казна од 20 милиони долари и да даде отказ од функцијата претседавач на одборот на директори на „Тесла“.



Маск подоцна објавил и навредлив твит за комисијата, по само четири дена од судењето. Очигледно тој не жалел за објавата која го чинела 20 милиони долари.



Конечно, доколку има објава која совршено ги спојува двете страни на Илон Маск - онаа на инспиративен претприемач и онаа на контроверзен егоист - тоа е следната. Повик да се фрли нуклеарна бомба на Марс можеби е шега, но веројатно е поврзан со планот да се загрее планетата со термонуклеарно оружје.



Автор: Крис Јанг
Извор: interestingengineering.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот