Добра вест - пристигна нова серија што со нетрпение се очекуваше, и тоа во продукција на „Нетфликс“. Серијата е позајмена од Норвежаните, но сепак ветува.
„Maniac“
Режисер е Кери Фукунага, кој работеше на првата сезона од серијата „Вистински детектив“.
„Мaniac“ е позајмена од норвешкиот оригинал со истиот наслов. Станува збор за странци што влегуваат во сомнително фармацевтско истражување. Во американската верзија ќе глумат Ема Стоун и Џона Хил, а тука се и Џастин Теру, Џемима Кирк, Сели Филд. Норвешката верзија е сосема различна, има две сезони и станува збор за Еспен, човек во 30-тите години кој сите го сакаат.
Премногу добро за да биде вистинито бидејќи Еспен само во својата глава живее совршен живот. Во реалноста тој е пациент на психијатриска клиника.
„The Bridge“
Снимени се дури два римејка од оригиналот - американско-мексиканска верзија со исто име и француско-британска серија со името „The Tunnel“. Зошто помеѓу сите најдобар е данско-шведскиот оригинал? Поради тоа што ниедна Дајан Кругер не може да ја достигне Софија Хелин во улогата на детективката Саге. Тоа е пиедестал на кој никој не може да се искачи.
„Gracepoint“ („Broadchurch“)
Доказ дека Американците не треба да прават римејк на одлични серии бидејќи голема е шансата да ги упропастат. Британската „Broadchurch“ е напнато, емотивно и тешко разрешување на убиството на момче во инаку мирно гратче.
„Gracepoint“ е бавна серија и не предизвикува никакви емоции.
„Prisoners of War“ („Homeland“)
„Prisoners of War“ е оригинална израелска серија со висока оцена на ИМДБ - 8,5. Израелците ја емитуваат од 2010 година и има две сезони. Станува збор за израелски војници кои 17 години поминале во заробеништво откако тргнале на тајна мисија во Либан.
Стивен Кинг ја стави на осмото место меѓу најдобрите серии, а „Њујорк тајмс“ на второто место.
„Men Behaving Badly“
За оваа серија не се потребни зборови - погледнете инсерти од оригиналот и копијата.
„House of Cards“
Оригиналот на Би-би-си од 1990 година е сместен во период кога Маргарет Тачер се повлекла од премиерската функција. Во серијата нема претерување и умереноста ја прави одлична и природна.
Американците направија одличен римејк со политичари, лаги и измами.