X
 05.04.2021 Живот

Гледањето ТВ може да ви помогне да ја зачувате благосостојбата, велат истражувачите

Сите понекогаш се чувствуваме виновни кога поминуваме многу време гледајќи телевизија наместо да правиме нешто попродуктивно или поздраво. Но од почетокот на пандемијата седењето дома пред телевизорот стана нормално и помалку осудувано.

Додека повеќето здравствени организации советуваат прошетки во природа, вежбање или долг сон за зачувување на благосостојбата и менталното здравје, има и истражувања што покажуваат дека токму гледањето телевизија може да биде добро за менталното здравје доколку се практикува правилно.

Според истражување на истражувачот по психологија Мартин Селиџмен од Универзитетот на Пенсилванија, позитивните чувства што ги имаме додека гледаме филмови или серии се едни од главните фактори за зачувување на благосостојбата.


Барбара Фредриксон, психолот на Универзитетот на Северна Каролина, додава дека позитивните чувства може да имаат долготрајно влијание врз благосостојбата. Кога се чувствуваме добро, се проширува нашата свест и ни помага да размислуваме креативно, а тоа ни помага да бидеме поотпорни кога е потребно.

Позитивните чувства влијаат и врз телото. Според едно истражување, тие може да ги „поништат“ негативните последици на искусувањето несакани физички симптоми поврзани со емоциите, како стресот и анксиозноста. Истражувачите откриле дека брзината на чукањето на срцето на лицата што имале позитивни чувства се враќала на нормално по искусување негативни чувства побргу отколку кај лицата што имале неутрални чувства или се чувствувале тажно.

Што да гледате за да имате позитивни ефекти?

Телевизијата не прави секогаш да се чувствуваме добро. За некои луѓе, некои серии и филмови може да бидат депримирачки, а постојаното и неконтролирано гледање телевизија може да направи да изгубите контрола врз животот.

Светскиот економски форум во соработка со „Конверјзејшн“ препорачува неколку програми што може да ве поттикнат да се чувствувате подобро, како документарниот филм „Експедиција среќа“, но и серии како „Паркови и рекреација“, „Канцеларијата“, „Пријатели“, „Грејс и Френки“ и „Фрејзер“.


Тие советуваат гледање на некои од овие програми заедно со блиски луѓе, дури и доколку треба да бидете поврзани онлајн. Конечно, кога ќе најдете програма што ви буди позитивни чувства, уживајте во моментот, но оставете епизоди и за друг ден.

Автори: Кристијан ван Нувербух и Кирсти Гардинер
Извор: weforum.org
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот