Во националниот парк „Фонг Ња Ке Банг“, 450 километри јужно од Ханоја, се наоѓа пештера откриена во 1991 година од Хо Ханг, жител на едно од околните села. Уште во 2003 година пештерата станала дел од листата на светски градини на УНЕСКО.
Локалното население долго време се плашело да влезе во пештерата поради страшните звуци што ги произведувала нејзината длабочина, а научниците влегле дури во 2009 година, кога било откриено дека е најголема во светот. Најголемата соба во пештерата е долга 5 километри, висока 200 метри и широка 150 метри.
Во неа можат да се најдат пештерски
формации како сталагмит долг 70 метри, а и животни, како лисицата.