Остатоци од антички луѓе се пронајдени во пештери во Јужна Африка. Откритијата, меѓу кои и добро зачуван череп, сведочат за тоа дека луѓето „Homo naledi“, намерно ги оставале мртвите во пештери. Таквото комплексно однесување е изненадувачко за човечки вид кој поседувал мозок кој е за три пати поголем од сегашниот. Пронајдоците датираат од пред околу 235 илјади години.
фото извор: BBC
Првите остатоци од овој човечки вид биле пронајдени во 2013 година, и тоа од претставници на 15 индивидуи на различна возраст, во „Dinaledi chamber“, регион со пештери во Јужна Африка. Во исто време, истражувачите ја испитувале и „Lesedi“ пештерата.Според последните објави, таму биле пронајдени остатоци од три индивидуи – две возрасни лица и едно дете. Кај едното возрасно лице, кое се смета дека било маж, потврдено е дека неговите коски покажале одлична способност за искачување и одење.
Фактот што „Homo naledi“ биле живи во исто време и во истиот регион од Африка како и “Homo sapiens’, ни дава до знаење дека постоел голем диверзитет на човечки видови за време на доцниот Плеистоцен.
Експертите велат дека пропорциите на екстремитетите на „Homo naledi“ биле колку и нашите, но дека нема очигледна причина зошто не можеле да користат камени алатки. Некои проценуваат дека остатоците се дури три милиони години стари, заради примитивните карактеристики, но тоа што коските се минерализирани, дава до знаење дека можеби и не се толку антички.
Според испитувањата направени во самите пештери, утврдено е дека овој човечки вид постоел пред некаде помеѓу 236 илјади и 335 илјади години.
Многу мистерии се поврзани во врска со интригантните членови на семејното дрво. Се претпоставува дека „
Homo naledi“ се една од најраните гранки на групата „Homo“, кои еволуирале во модерни луѓе, или пак, биле понапреден вид на групата „Homo“, како на пример „Homo erectus“, а потоа се вратиле во некоја попримитивна форма и тоа од аспект на изглед на череп и заби.