X
 26.02.2018 Наука

Научниците ја откриле тајната на античката римска „Порта на пеколот“

Пред два милениума мал грчко-римски храм во денешна Турција ги зачудил и ги фасцинирал своите жители. Веднаш над камената порта, во пештера обвиена со тешка магла, се појавувале чудни сили – биковите што влегувале внатре исчезнувале, а кастрираните свештеници што тогаш биле на служба излегувале неповредени.

фотоизвор: Flickr

Која е тајната на ова место? Ново истражување има објаснување за мистериозната пештера  – штетен јаглероден диоксид, а не станува збор на натприродна појава, како што се мислело. Научниците користеле пренослив анализатор на гас, па откриле дека пареата што излегува од пештерата достигнува нивоа од 4 до 53 проценти на вулкански јаглероден диоксид, во зависност од дистанцата од површината на земјата. Пониските делови до подот на пештерата имале повисоки нивоа на гасот, со што се формирало смртоносно езеро од јаглероден диоксид. Животните чии носеви биле поблиску до земјата не можеле да дишат и биле во поголема опасност отколку луѓето што одат исправени, со што се објаснува нивната отпорност.

За постоењето на пештерата се знае уште од античкото време, како дел од она што тогаш било Хиераполис. Позната како „Плутониум“ (според Плутон), се сметало дека е порта што води до подземјето и начин да се повика богот преку нудење жртви од животни. Две илјади години подоцна посетителите повторно се фасцинирани од портата – за време на ископувањата во 2013 година археолозите сведочеле на умирањето на неколку птици што летале преблиску до пештерата.

Доаѓањето до ова место може да биде вистински предизвик. Во 2015 година, поради проблематичниот однос помеѓу Турција и Русија, туризмот беше отежнат, па и покрај малото подобрување од минатата година, сепак страда поради моменталните тензии со владата на САД. Во декември САД и Турција заеднички ги суспендираа сервисите за виза поради апсењето на локален вработен во американскиот конзулат во Истанбул. Владата на САД ги извести своите граѓани да се воздржат од патувања во овој регион поради можна појава на тероризам.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука