X
 26.05.2018 Култура

Започнува 55-от Драмски Аматерски Фестивал во Кочани

Со словенската претстава „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ на Културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија, во понеделник на 28-ми мај, со почеток во 19 чaсот, започнува официјалната програма на 55-от Драмски Аматерски Фестивал во Кочани.

1

Фестивалот годинава носи 16 аматерски претстави од исто толку ансамбли и една професионална, скопската хит комедија „Чао Пријатно“ која ќе го затвори ДАФ на 2 јуни во сабота.

55-тото издание на ДАФ ќе биде засилено со придружни манифестации, многу гости, промоции на книги, работилници, ликовни перформански, театар на сенки, а посебен акцент годинава е ставен на гостувањето на словенецот Марко Брецељ, ексцентричен, мултимедијален уметник попознат како поранешен фронтмен на сега веќе култниот Југословенски рок бенд од 70-тите и 80-тите „Булдужер“. 

2
Марко Брецељ


Брецељ доаѓа во четврток на 31-ви мај, заедно со словенскиот писател Томаж Космач, за промоција на неговата книга „Панкот е Мртов“ (Punk is Dead). Уште еден значаен настан е премиерната промоција во родниот град на Тошо Филиповски на капиталното дело „Македонска Рок Енциклопедија“. Настанот ќе се случи во сабота, на 1 јуни со почеток во 21:30 часот.

2
Тошо Филиповски


ДАФ годинава од НУЦК „Бели Мугри“ се шири во прекрасното предворје на домот на културата, градскиот парк или „Паркот на Револуцијата“. Таму, тридневен ликовен перформанс насловен „Планеризам“ ќе има уметникот Орхан Ќамилов, Марија Манева ќе има работилница за смола и глина, професорката Зоја Бузалковска заедно со Степанулески Александар ќе водат три дневна актерска работилница. Музичкиот дел ќе биде обединет под наслов „Револушн Фест“ и ќе настапат скопскиот џез состав „Летечки Пекинезери“ (понеделник, 28. Мај), во среда на 30 мај диџеј сет ќе има Гоце САФ, а концертниот дел во четврток ќе го затворат битолчаните „Брас Брадрс“ (Brass Brothers).

Со годинешната програма кочанчани се надеваат дека ќе мотивираат некој што не е од Кочани да го посети малиот град на исток, со големо срце, во време на фестивал. Кочани го има прекрасниот Споменик на Слободата на Григор Чемерски, вештачко езеро кое е како природно, река која го дели градот на два еднакви дела, еклер 5 денара и 6 дневен културен настан на почеток на лето.

 Совршен опис за годинешното мото на фестивалот: „Ars Longa, Vita Bravis“ или Уметноста е долга, животот е краток. Ако тоа не е доволно, влезниците се 50 денари.

- Изборот на претставите годинава го направи Јасмина Билаловиќ, драмски актер, а нов претседател на фестивалот е М-р Дарко Спасов.

Како што вели Дарко:

Веќе 55 пати по ред во Кочани ќе се одржи Драмски аматерски фестивал. Таму речиси сите почнале, од актери, до режисери, организатори, банда невидена, сите убаво си поминуваат, така велат, Кочани, браната, езерото, театарот, љубовта, ах таа љубов за театар, младост, комарци, пиво покрај реката, и пак театар и сцени, и аплаузи, и концерти, и промоции на книги.

Има театри од Словенија и Србија и наши, нашите, срца големи, од Корчагин гимназијата, од Велес гимназијата, Тетово иде со две групи, хаха и тие работилница смислија/направија, ќе останат цел фестивал во Кочани, со камп приколки. Доаѓаат и две пензионерски групи, замисли, наместо да се јавуваат на утриснки емисии направиле претстави, театар. Бендиис.
Оваа година ќе имаме и две промоции на книги едната ја промовира Марко Брецељ од некогашни Булдожери од Словенија (промоција на Punk is Dead, од Томаж Космач).
Втора промоција на Рок енциклопедијата на Тошо Панкеро (така си го викаме ние во Кочани). Ќе имаме и базар на применета уметност сликање платно Планеризам за ДАФ, како порано покоен Владо Георгиевски, и како неодамна, да е жив Миро Масин, овојпат Орхан Ќамилов ќе слика. Ем три концерти во паркот на револуцијата во Кочани Гоце САФ, Летечки Пекинезери и Brass Brothers

п.с.
Карел Чепек вели: Фантазијата не е да ги видиш нештата какви не се, туку какви можат да бидат, и сал себичните немаат фантазија

п.с. 2
Следната година славиме и 60 години од првиот фестивал во Битола во 1959 (56 години фестивал)

Повеќе информации можете да погледнете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура