X
 22.11.2016 Образование

Научете го вашето дете да чита преку овие неколку чекори

Информациите кои ви ги нудиме во продолжение се генерални информации од кои придобивки може да имаат децата од сите возрасти.

Потребно е да знаете дека не треба да ги применувате сите стратегии наеднаш, ниту пак да очекувате вашето дете да знае да прави се' веднаш. Ова е процес и овие информации треба да ги имплементирате кога ќе почувствувате дека вашето дете е подготвено.


1. Читајте му на вашето дете

Учењето да чиста е вистински процес кој започнува уште со самото раѓање на детето. Кога ќе се вратите од болница, веднаш започнете да му читате на вашето дете. Не само што ова ќе биде одличен момент за зајакнување на вашиот однос, туку и ќе му влеете љубов кон книгата. Уживањето во читањето е еден од најголемите предвесници за успех во читањето на училишна возраст. Ако децата не научат од рана возраст да уживаат додека читаат, тоа веројатно ќе ја попрече нивната способност.

Колку ќе му читате на вашето дете целосно зависи од вас и вашето семејство, но целта е да читате 3-4 книги на ден, додека вашето дете е малечко. Како што ќе расте, дајте си цел да читате заедно најмалку 20 минути секој ден.

Ова се неколку предлози за тоа какви книги треба да читате со вашите деца.

Од раѓање до 1 година - Приспивни песни, книги со вистински слики, книги од платно, книги со песни

1 година до 3 години - Книги со песни кои се римуваат, книги со кратки приказни

3 години до 5 години - Буквари, книги со песни, сликовници, книги со песни кои се римуваат

2. Прашувајте прашања


Прашувањето прашања додека му читате на вашето дете не само што е одлично за охрабрување на детето да комуницира со книгата, туку е и екстремно ефективно во развивање на неговата способност да сфати што чита.

Додека вашето дете се'уште е бебе прашувајте го прашања како „Дали ја виде мачката“, посочувајќи ја сликата со мачката. Ова ќе го развие неговиот вокабулар и ќе го охрабри да комуницира со книгата што ја чита. Како што ќе расте, потребно е сам да ги посочува работите во книгата и да ги прави звуците од животните кои ги гледа.

Кога ќе стигне на 2-3 годишна возраст, започнете да го прашувате прашања пред, за време на читањето и после читањето на книгата. Покажете му ја насловната страна од книгата и прашајте го за што мисли дека ќе се работи во книгата. Додека читате, прашајте го што мисли дека ќе се случи или зошто мисли дека ликот го направил токму тој избор. Ако ликот покажува силни емоции, идентификувајте ги емоциите и прашајте го дали некогаш се чувствувал така. На крајот од книгата, прашајте го дали неговите предвидувања се исполниле. После тоа, прашајте го дали се сеќава што се случувало во книгата.

3. Бидете добар пример за читање


Дури и ако вашето дете е фасцинирано со книгите уште од рана возраст, неговата фасцинација ќе избледни ако не гледа дека вие читате во вашиот дом. Ако не сте страстен читател самите вие, направете напор да ве види како читате барем неколку минути секој ден. Читајте што било - магазин, книга со рецепти, Библијата... Важно е на вашето дете да му покажете дека читањето е нешто што дури и возрасните треба да го прават.

4. Прикажете ги буквите во природна средина

Искористете ја вашата имагинација и прикажете му ги буквите од азбуката со различни материјали. Декорирајте ја неговата соба со дрвени букви, букви од хартија и слично. Со тоа вие самите имате одлична можност да му ги доближите буквите и да му го олесните учењето.

Исто така, формите на зборовите можете да ги барате во природата, во вашиот дом и насекаде околу вас.

 

2


5. Инкорпорирајте повеќе домени на развој

Децата најдобро учат кога се вклучени повеќе сетила или области на развој. Тоа е причината зошто децата повеќе учат доколку нешто прават практично. Откако вашето дете ќе покаже интерес за буквите, започнете да имплементирате активности кои вклучуваат што поголем број на сетила.

Постојат неколку начини за вклучување на повеќе домени на развој во однос на препознавањето на буквите и развивањето на способности за читање. Активностите поврзани со азбуката му овозможуваат на вашето дете да ги научи формите на буквите и нивниот звук додека ги користат моторните вештини за време на сечењето, лепењето и создавањето.

6. Класификација на жанрот


Откако вашето дете ќе наполни 5 години и ќе ја знае разликата помеѓу реалното и нереалното, можете да му помогнете да разбере неколку жанрови на книги додека читате заедно. Иако се чини комплицирано, и не е толку. Постојат пет различни жанрови на детски книги. Секако, подобро би било да го користите зборот „вид“ отколку „жанр“ бидејќи е полесен за помнење.

- Научна литература (вистински приказни или факти за животните, местата, луѓето и сл.)

- Фантазија (измислени приказни полни со магија, животни кои зборуваат и сл.)

- Реалистична фантазија (измислени приказни кои би можеле да се случат во животот бидејќи ликовите и ситуациите би можеле да се реални)

- Буквари

- Книги со песни

Кога децата класифицираат книга во одреден жанр, тие мораат прво да ја сумираат книгата во нивната глава и да се потсетат на деталите. Тогаш тие треба да ги искористат информациите за да се одлучат на кој жанр припаѓа книгата. На крај вашето дете ќе може да се сети на деталите од другите книги од истиот жанр, и да направи поврзување на две книги од ист жанр.


7. Семејства на зборови

Едноставно кажано, ова се зборови кои се римуваат и е важно вашите деца да ја научат оваа фонолошка активност бидејќи ќе им помогне да научат одредени модели во читањето и им овозможува да започнат да „читаат“ групирајќи неколку букви во еден збор.

Откако вашето дете ќе започне да го препознава зборот „четка“, тогаш ќе има предност да ги чита зборовите кои се римуваат со овој збор (тетка, ретка), бидејќи се менува само една буква.

 

3


8. Декодирање

Декодирањето е важен елемент во учењето на вашето дете да чита, но не и најважниот. Откако вашето дете ќе ги познава звуците кои следат со секоја буква, тогаш тоа е подготвено да започне со составувањето на зборовите.

Како што децата ќе ги декодираат зборовите со поголема фреквенција, тие ќе станат се подобри во автоматското идентификување на зборот. Ова некогаш е мачна задача меѓутоа е важно да се пронајдат креативни начини за да биди забавно учењето.

9. За крај

Веројатно забележавте дека не постои магична формула за тоа како да го научите вашето дете да чита. После се', секое дете учи на различен начин. Откако ќе ги помините овие чекори, немојте да очекувате дека вашето дете вешто ќе чита. Овие чекори обезбедуваат информации за тоа како да ја поттикнете свеста за читањето кај вашето дете.

Во краток преглед, ова се некои предлози кои можете да ги имплементирате секој ден врз основа на стратегиите споделени погоре.

- Читајте му на вашето дете секој ден!
- Прашувајте го прашања пред читањето, за време на читањето и после читањето.
- Потребно е вашето дете да гледа дека и вие читате.
- Барајте ги зборовите во средината која ве опкружува.
- Кога детето ги учи буквите, инкорпорирајте колку што можете повеќе сетила.
- Читајте различни книги и направете игра во која детето ќе го годи жанрот.
- Забавувајте се римувајќи.
- Најмногу од се', забавувајте се заедно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование