Обединетите Арапски Емирати во средата објавија дека ја надминаа ковид-кризата, забележувајќи го најмалиот број на инфекции овој месец.
- Сакав да ве уверам сите дека нашите животи мора да се вратат во нормала - рече престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед.
- Има промени во начинот на кој работиме или во нашиот личен живот, но му благодариме на Бога што ја надминавме оваа криза... безбедно, со добро здравје и со искуство, за кое ја плативме цената, но научивме многу - додаде тој.
Седумте емирати на ОАЕ регистрираа помалку од 200 нови ковид-случаи овој месец - најниската бројка од август минатата година. Додека животот во голема мера се врати во нормала во Обединетите Арапски Емирати, земјата ги задржува строгите правила за носење маски и физичко дистанцирање.
Дубаи смета дека шестмесечната изложба „Експо 2020 Дубаи“ отворена на 1 октомври, по едногодишното доцнење, ќе привлече милиони посетители и ќе ја зајакне економијата погодена од пандемијата.
Силно зависна од туризмот, земјата беше една од првите дестинации што повторно ги отворија вратите за патниците, прифаќајќи туристи во јули минатата година.
ОЕА досега регистрираа повеќе од 737.000 случаи на ковид-19, вклучувајќи и 2.104 смртни случаи.