X
 27.05.2020 Живот

Строгите правила кои ќе треба да ги почитуваат туристите во ОАЕ

Обединетите Арапски Емирати имаат строги правила за странските посетители, работниците, па дури и сопствените жители за време на пандемијата.

Земјата се надева дека ќе започне да прима туристи во јули или најдоцна во септември. Но, за туристите ќе важат одредени правила. Меѓу другото, туристите (и граѓаните) кои нема да ги почитуваат мерките на владата ќе треба да платат казна од 13.000 долари.


Фото: Дубаи/Pixabay

Според наредбите од властите, сите мора да носат алки за следење и да имаат апликации за следење на телефоните. Освен паричната казна, оние кои нема да ги почитуваат правилата ќе бидат казнети со објавување на нивните фотографии во локалните медиуми. Оние што нема да ги почитуваат правилата повеќе од еднаш може да добијат и затворска казна. Има и други казни, како онаа од 800 долари за оние кои не носат маска.


Обединетите Арапски Емирати започнуваат да ги намалуваат правилата

за ограничено движење, но уште не се дозволува влез на туристи во земјата, а има и полициски час од 20 часот до 6 часот секој ден. Шопинг-центрите се отворени од неодамна, но треба да се почитуваат правила за социјално дистанцирање, а јавните места како кино-салите, училиштата и спортските сали се затворени. Некои барови и ресторани се отворени, но треба да почитуваат строги правила.



Фото: Дубаи/Pexels

Околу 90% од населението во Емиратите го сочинуваат странски државјани. Странските работници може да се вратат во земјата, но мора да имаат дозвола од владата и треба да бидат во карантин по пристигнувањето. Земјата, која досега потврдила над 29.000 случаи на коронавирус, досега направила над еден милион тестирања.


Извор: thepointsguy.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот