X
 24.10.2019 Живот

Откриен најстариот бисер на светот

Во близина на Абу Даби е откриен најстариот бисер на светот. Бисерот е најден во подот од соба при археолошки ископувања на островот Маравах, во близина на престолнината на Обединетите Арапски Емирати. Тие ископувања ја откриле и најстарата архитектура во земјата.

- Деловите во кои е најден бисерот содржат јаглерод кој датира од периодот меѓу 5800 и 5600 година пр.н.е, односно од неолитскиот период - соопшти министерството за култура и туризам на УАЕ.

Најстариот бисер на светот ќе биде претставен на изложба во Абу Даби, а експертите велат дека фактот дека бисерот е стар 8.000 години е доказ дека трговијата постоела уште во неолитот.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот