X
 07.10.2022 Живот

Лукаревска: Речиси 5.000 работодавци немаат исплатено плата во август

Речиси 5.000 работодавци не им исплатија плата на работниците за август, а ист број работодавци воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип.

- Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминеме овие појави - изјави Лукаревска.
Таа забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат бидејќи исплатата на плата е човечко право.

На прашање како е можно преку системот на УЈП да поминуваат плати помали од минималецот, Лукаревска одговори дека тоа е неславно законско решение.

- Тоа е неславно законско решение за кое повеќе пати имаме поднесено иницијатива за да не се случуваат вакви неправилности. Луѓето на повисоко ниво би требало малку да го разгледаат и да го пуштиме во собраниска процедура, за да нема исплаќање на плати со еден, пет денари и да се прават континуирани корекции - посочи Лукаревска.

Истакна дека македонските фирми се даночно дисциплинирани и си ги плаќаат даноците кон државата. Последните податоци покажуваат дека наплатата на даноците е над планот на УЈП.

- Но имаме доста високи цени, кои го зголемуваат процентот на успешна наплата на ДДВ и во постојан контакт сме со компаниите и секако дека тие имаат соодветни проблеми. Меѓутоа, 90 до 95 отсто од компаниите навремено ги сервисираат даноците - рече Лукаревска.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот