X
 19.05.2017 Економија

Референдум за платите во ЕУ


Илустрација - мапата на Европа и рака што држи банкноти евра
(Фото: Free images)

Радикалните десничари од југоисточна Евопа бараат да се организира референдумско изјаснување за изедначување на платите во Европската Унија.

Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива која се однесува на намалување на разликите во платите но и на економските разлики во целост, а истата потекна од движењето кое се нарекува Wage union.

Позади ова движење стои унгарската радикална десничарска партија Jobbik, која е поддржана од пријателските движења од Полска, Словачка, Хрватска, Романија, Бугарија, Летонија и Естонија, земји каде што платите се значително пониски во однос на западните членки на ЕУ. Услов за да се одржи референдумот е да се соберат милион потписи за една година.

„Ако наведената иницијатива за година дена собере еден милион потписи од најмалку седум држави-членки на Унијата, Европската комисија ќе мора да реагира во рок од три месеци“, стои во соопштението што Брисел го објави во средата.

Габор Вона, претседателот на Jobbik, изјави дека сака „по еднаквоста на цените во заедничката држава да се постигне и еднаквост на платите“.

Податоците на Еуростат покажуваат дека просечната годишна нето плата на поединец во 2015 година се движела од 4.000 евра во Бугарија до 38.500 евра во Луксембург.  Во Унгарија за истиот период изнесувала околу 8.000 евра, во Хрватска и Чешка околу 10.000, а во Австрија и Германија била околу 30.000 евра.

Аналитичарите наведуваат дека разлиите во платите се последица од различното ниво на економска развиеност, така што најразвиената европска земја има 5,7 пати поголем БДП од  најнеразвиената. Согласно ова, опсегот во трошоците за плати изнесува еден наспрема десет.

Едно од тематски приоритетните подрачја на кои Комисијата веќе работи е намалување на разликите во платите, приходите и пензиите меѓу половите. Жените во Европската Унија заработуваат 16 проценти помалку во однос на спротивниот пол.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија