Добитниците на Нобелова награда по физиологија или медицина најчесто работат на помалку истражувања по добивањето на престижната награда, покажува нова анализа.
Анализата на податоци од добитници на наградата во периодот од 1950 до 2009 година била спроведена од истражувачи од Универзитетот „Стенфорд“ и Универзитетот во Вотерлу, Канада. Резултатите биле споредени со податоци од добитници на Ласкеровата награда, која е уште една престижна награда во областа на медицината.
Научниците ги споредиле двете награди за да потврдат дека староста нема големо влијание врз работата по добивањето на наградите. Добитниците на Нобелова награда најчесто се наградени подоцна во својата кариера, кога би се очекувало помалку да се работи.
Меѓутоа, анализата покажала дека добитниците на Нобелова награда работеле повеќе од добитниците на Ласкеровата награда пред добивањето на наградата, а помалку или исто по добивањето на наградата. Добитниците на Ласкеровата награда, исто така, работеле на помалку трудови по наградата, но промената не била толку голема како кај добитниците на Нобелова награда.
Податоците ги покажуваат ефектите на Нобеловата награда и промените во кариерата и финансиите кои ги носи таа за истражувачите што се добитници.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay