Денес живееме во свет каде што дневно се разменуваат премногу информации. Проблемот со складирање на тие информации е голем бидејќи количината податоци секојдневно се зголемува, а научници од МИТ дошле до генијална идеја: податоците да се чуваат во
ДНК.
ДНК чува многу податоци од секој вид. Во неа се наоѓаат многу кодови поврзани со видот на кој му припаѓа, па поради тоа и им послужила како инспирација на стручните лица да ја користат како меморија за податоци.
(
Фото: Pixabay)
Претходните години имавме многу повеќе меморија од таа што е достапна на десктоп-компјутерот, а кога ќе ја преполневме, податоците ги чувавме на некој од преносните мемориски уреди. Денес тоа е повеќе од доволно. Бришењето податоци не е во мода, а за тоа можеме да ѝ се заблагодариме на комбинацијата од пад на цените и зголемување на капацитетот на мемориите што се во подем – клаудот.
Но, и клаудот е ограничен и ако продолжиме со истото темпо, за многу кратко време ќе се соочиме со огромен јаз помеѓу корисните податоци што ги создаваме и можноста за нивно чување. Како што стојат работите, човештвото до 2025 година ќе произведе повеќе од 160 зетабајти податоци, а ќе можеме да зачуваме само 12,5 отсто. Решението е на повидок доколку податоците ги чуваме во ДНК.
Парк и Рокет,
научници од МИТ, развиле технологија за која веруваат дека би можела да го преобрази начинот на кој ги чуваме податоците и да ги складираме во простор со големина колку плакарот за облека. Тие имаат намера да ги енкодираат податоците во човековата ДНК, што звучи како научна фантастика. Научниците не намераваат да нè претворат во мутанти, туку да употребат ДНК изработена од синтетички полимер што не е компјутерски код од живо суштество.
Научниците најавија дека примената на оваа метода на чување податоци би можела да биде достапна за десетина години бидејќи сè уште е во пилот-фаза. Ова отвора можност да се применат алати од молекуларна биологија со цел чување податоци од компјутер, што е прилично револуционерен потег.