07.11.2017
Живот
„Секое дете на кое ќе наидете е божествено среќавање“
Речиси никој не може да остане рамнодушен на невиноста и неодоливоста на дечињата. Следните цитати за децата покажуваат колку е широк спектарот на луѓе што зборуваат за децата.
„Личност е личност, без разлика колку е мала“ – д-р Сус.
„Возрасните се само старомодни деца“ – д-р Сус.
„Не може да има поизострена револуција на духот на општеството отколку начинот на кое тоа ги третира децата“ – Нелсон Мандела, поранешен претседател на Јужна Африка.
„Децата најверојатно ќе го живеат животот според тоа колку верувате во нив“ – Лејди Бирд Џонсон, поранешна прва дама на САД.
„Децата мора да бидат научени како да мислат, а не што да мислат“ – Маргарет Мид, културолошки антрополог.
„Најголемото наследство што некој може да им го пренесе на децата и внуците не се парите или материјалните работи заработени во животот, туку наследството на карактер и верба“ – Били Грахам, евангелист.
„Се грижиме за тоа што ќе стане детето утре, а забораваме дека тоа е некој денес“ – Стасиа Тушер, танчарка и уметник.
„Децата не се предмети кои можеме да ги обликуваме, туку луѓе што треба да бидат откриени“ – Џес Лер, автор.
„Секој ден од нашите животи ние оставаме депозити во банките на меморија на нашите деца“ – Чарлс Р. Свиндол, пастор во евангелистичка црква.
„Полесно е да се изгради силно дете отколку да се поправи скршен човек“ – Фредерик Даглас, аболиционист и државник.
„На децата им се потребни модели повеќе од критичари“ – Џозеф Жубер, француски моралист.
„Секое дете на кое ќе наидете е божествено среќавање“ – Вес Стафорд, претседател на „Компешн интернешнл“.
„Децата се одлични имитатори. Дајте им нешто големо да имитираат“ – анонимен автор.
„Децата никогаш не биле добри во слушање на постарите, но никогаш не престанале да ги имитираат“ – Џејмс Болдвин, новелист и критичар.
„Децата се како влажен цемент, сè што паѓа над нив им остава импресија“ – Хаим Гино, детски психолог.
„Детето е зрак на сончева светлина од Бескрајот и Вечното, со можности за доблест и порок, но сè уште неограничени“ – Лајман Абот, американски конгрегационалистички министер.
„Децата се рацете преку кои имаме пристап до рајот“ – Хенри Вард Бичер, активист.
„Душата е заздравена кога сте со деца“ – Фјодор Достоевски, филозоф и писател.
„Децата го прават животот важен“ – Ерма Бомбек, американски хуморист.
„Треба да ги сакате своите деца несебично. Тоа е тешко. Но е единствениот начин“ – Барбара Буш, поранешна прва дама на САД.
Подготвил: Маја Пероска