Ништо не е поштетно за продуктивноста како лошите навики. Тие ве забавуваат, ве прават помалку креативни и ви ја намалуваат прецизноста. Ова е листа на најлошите навики, кои доколку успеете да ги отфрлите ќе можете да го одржувате позитивното расположение и само-контрола.
1. Импулсивно сурфање на интернет
Откако поминуваат 15 минути од престој на интернет, потоа вие сте веќе во еуфорична состојба на следење на сето она што е објавено на социјалните мрежи и слично. Постојаното проверување на вашиот профил и останати вести, ве одвлекува од работата и ви ја намалува продуктивноста.
2. Перфекционизам
Постојаното незадоволство од постигнатото само ви одмага. Оставете вашите идеи да се развиваат и обидувајте се да ги реализирате. Самокритичноста е позитивна карактеристика, но во умерена доза.
3. Состаноци
Состаноците можат да се одолговлекуваат, па потребно е да поставите граници на состаноците за да не го изгубите фокусот и мотивацијата од она што го работите.
4. Одговарање на мејлови само што ќе дојдат
Продуктивните луѓе не дозволуваат пристигнатиот мејл да биде постојана пречка и прекин во работата. Поставете приоритети, па според нив реагирајте на сето она кое доаѓа до вас како информација.
5. Постојано кликање на копчето „snooze“
Кога спиете, вашиот мозок се движи низ неколку циклуси, а последниот ве подготвува за доаѓањето на времето кога треба да се разбудите. Затоа понекогаш се будите и пред звукот на алармот. Па кога го кликате „snooze“ копчето, вие се спротивставувате на нормалното функционирање на организмот и ја губите таа подготвеност, па се чувствувате уморни и нерасположени.
6. Мултитаскинг
Мултитаскингот е главниот убиец на
продуктивноста. Обидете се да завршувате една обврска по друга, бидејќи кога се обидувате да завршите се одеднаш, работите половично, а многу веројатно е и да не успеете да ги завршите сите задачи.
7. Одложување на тешките задачи
Кога ги одложувате потешките задачи за друг ден заради слаба ментална енергија, тогаш тие ќе треба да ги сработите кога воопшто нема да имате ниту сила. Обидувајте се да ги завршувате комплексните задачи наутро кога мозокот ви е најсвеж.
8. Користење на електорнски уред во кревет
Ова ви штети на сонот и продуктивноста, влијае на вашето расположение, енергија и квалитет на сонот. Кога очите ви се изложени на светлото од уредите, вие го прекинувате редот на организмот кој се подготвува за спиење и одмор, а потоа сонот не е квалитетен и се будите уморни, наместо свежи.
9. Конзумирање шеќер
Со внесувањето на поголеми количини на шеќер, ја зголемувате енергијата во мозокот, но ако претерате, потоа ќе не можете да се концентрирате и постојано ќе го губите фокусот.