X
 19.11.2018 Живот

Град нуди 10.000 долари да се преселите таму и да живеете една година

Тулса нуди 10.000 долари за оние луѓе што се подготвени да одат да работат во овој град во американската држава Оклахома, на период од една година.

За да ги исполните условите за овој финансиски надомест, мора да бидете постари од 18 години, да имате работа (што можете да ја извршувате од кој било дел од светот, поврзана со интернет), да бидете подготвени да се преселите во рок од шест месеци и да ви биде дозволена работа во САД.

град
Фото: Thinkstock


Тоа не е сѐ.

Избраните кандидати ќе можат да се преселат во новоуредените станови на „Тулса артс дистриктејт“ и да плаќаат само 33 отсто од реалната цена на киријата.

За потребите на работата, ќе добиете бесплатно членство во компанијата „36 дигрис норт“, што ви обезбедува место за извршување на работата, конференциска соба за состаноци, безжичен интернет и други бизнис-погодности.

Целта на програмата е да се привлече креативна и технолошки поткована работна сила во Тулса и да се оживее претприемачкиот дух.

Избраните кандидати веднаш ќе добијат 2.500 долари за трошоци за преселување, а месечно ќе добиваат и 500 долари. По истекот на годината ќе им бидат дадени и уште 1.500 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот