X
 07.11.2021 Живот

Мет Лебланк: По „Пријатели“ одбивав улоги за да поминувам повеќе време со мојата ќерка

Мет Лебланк од серијата „Пријатели“ им е омилен актер на многумина, а некои го засакаа и по повторното обединување на актерите од оваа серија, каде што за разлика од неговите колеги кои и понатаму доста внимаваат на својот физички изглед, популарниот Џои се појави со вишок килограми.

Мет во последно време во јавноста се појавува со својата ќерка, поради која често одбиваше улоги за да се посвети на нејзиното лекување.

Марина е родена неколку месеци пред да заврши серијата „Пријатели“. Мет ја држеше подалеку од Холивуд, папараците и реално малку се знаеше за неа до моментот кога почна да се појавува со својот татко во јавноста. Пред нејзиниот прв роденден ѝ бил дијагностициран облик на дисплазија, односно проблем со мозокот. Тоа влијаело врз нејзината моторика, а лекарите не давале добри прогнози.

Мет одлучил целото време да ѝ го посвети нејзе и на нејзиното закрепнување. По двегодишна деноноќна работа со лекарите, кај Марина се покажало подобрување. Денес Марина има 17 години и е здрава девојка која наскоро ќе оди на факултети, а Мет не може да биде посреќен.

серија
Фото: Screenshot/YouTube

- Со години не сакав да имам некаков распоред, па страдаа и снимањата на нови проекти. Но, сето тоа се исплати. Марина сега има 17 години и нејзината состојба е сосема добра. Најдраго ми е времето поминато со неа. Многу сме поврзани и Марина е најдоброто нешто што ми се случило во животот - изјави Лебланк во интервјуто во емисијата на Кели Кларксон.

Приказната на Мет е сосема поинаква во споредба со другите колеги од серијата. На аудицијата за улогата на Џои, Мет отишол со 11 долари во џебот. За разлика од колегите, не изгради голема кариера, туку и по серијата остана во ликот на Џои, во истоимената и неуспешна серија, за 20 години подоцна во серијата „Епизоди“ да се глуми самиот себе. И покрај тоа, сè уште го знаат сите и го сакаат.

Извор: Noizz.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот