X
 07.11.2024 Живот

Која е жената на која Трамп ѝ ја должи победата?

Во своето обраќање по победата на претседателските избори во САД, Доналд Трамп особено ѝ се заблагодари на една жена - Сузи Вајлс.

Сузи Вајлс, според оние што најдобро ја познаваат, е политичка сила која повеќе ја чувствувате отколку што ја гледате. Нејзиното политичко влијание е често невидливо, но неоспорно. Нејзината способност да остави трага во политичките кампањи не остава никакви дамки или отпечатоци. Кога се појавува на фотографии, најчесто е во заднина, тивка и замислена.

Клучниот советник на Доналд Трамп

Вајлс не е само еден од високите советници на Трамп - таа е неговиот најважен политички оперативец. Во последните три години таа била де факто шеф на неговиот кабинет. Таа е одговорна за професионализацијата на кампањата на Трамп и неговиот политички опстанок и покрај правните предизвици, поразот на изборите во 2020 година и внатрепартиските кризи. Сепак, Сузи Вајлс останува енигма за пошироката јавност. „Никој дури и не знае која е таа“, забележува ветеранот лобист Рони Бук.

Искусен оперативец


Вајлс, која има 67 години, е во политиката повеќе од 40 години. Таа има работено со претседатели, гувернери и членови на Конгресот. Се смета себеси за умерен републиканец. Сите што работеле со неа се согласуваат во едно: Вајлс е неверојатно способна. Таа раководела со успешни кампањи за Рик Скот, Трамп и Рон де Сантис. Нејзините колеги ја опишуваат како брилијантен тактичар, одлична во процена на политичкиот терен и одржување односи со клучните играчи.

Но, прашањето што често се поставува е: Зошто таа работи за Трамп? Ниту нејзините блиски соработници не можат да објаснат.

фотоизвор: NBC News

Контроверзии и јавна перцепција


Критичарите често ја споредуваат со историски соработници на авторитарни лидери. Либералните аналитичари и конзервативците сметаат дека нејзината работа за Трамп придонесува за уривање на демократските норми. Но, Вајлс ги отфрла обвинувањата како „гнасни“ и неосновани. Во своите ретки јавни настапи, Вајлс нагласува дека нејзината работа ја гледа како начин да придонесе во политичкиот процес, без оглед на личните политички преференции. „Луѓето не знаат зошто го правам тоа“, рече таа.

Сузи Вајлс останува клучна фигура во американската политика и покрај тоа што повеќето луѓе не знаат која е таа. Нејзината способност да се движи во сложени политички ситуации ја прави неопходна за секој политичар со кој работи, вклучувајќи го и Доналд Трамп.

Извор: 6yka.com

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот