X
 17.01.2018 Живот

Можете ли да постигнете исто поени како Трамп на когнитивен тест?

Доналд Трамп на когнитивниот тест не покажал никаква абнормалност и неговото здравје е извонредно, открил неговиот лекар во Белата куќа.


Трамп го решавал стандардниот когнитивен тест и остварил максимален број поени.

Монтреалската скала за когнитивна процена е невропсихолошки тест кој се користи за да се утврди блага когнитивна дисфункција.

Тестот се содржи од процена која трае 10 минути, а меѓу другото се тестираат концентрацијата, вниманието, меморијата, јазикот, пресметувањето, ориентацијата, концептуалното размислување. За да го направите тестот, кликнете на овој линк.

Сè над 26 поени се смета за „нормално“, додека помалку поени се причина за загрижување. Просечниот резултат на тестот е 27,4 поени, а луѓето со благо когнитивно нарушување имаат околу 22, додека пак оние што имаат Алцхајмерова болест имаат просечно по 16 поени.

фото извор: A HA Journals

Тестот, кој првпат е користен во Монтреал, денес е една од најкористените методи за процена на когнитивното здравје низ светот. Достапен е на повеќе од 50 јазици и формати за тестирање на неписмени пациенти во други култури.

Доналд Трамп е првиот американски претседател што се тестирал, како дел од лекарскиот преглед во воената болница откако е објавена контроверзната книга на Мајкл Волф во која се преиспитува менталното здравје на Трамп и неговата способност за водење на земјата.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот