Злата Бартл (родена во Долац), учителка во Сараево, била заглавена во Загреб во 1955 година поради снежна бура.
Зимата била силна и поради замрзнатите патишта, извесно време не можела да се врати во својот град, па почнала да бара привремена работа. Нашла оглас за хемиски техничар во „Подравка“, се пријавила и веднаш била примена. Со текот на времето напредувала, а веќе следната година отишла во Копривница и почнала истражувачка работа во центарот на „Подравка“.
По четири години работа, во 1959 година, на ум ѝ дошла одлична идеја. Имено, таа смислила и направила зачин кој дотогаш не постоел во светот. Производот ги воодушевил сите во компанијата, па бил наречен „вегета 40“, а подоцна името било сменето во „вегета“.
Во тоа време живеела во скромна фабрика во Копривница заедно со своите колеги и со нив делела по еден оброк на ден. Градот бил целосно неразвиен и сиромашен. Вработените правеле сè за производот да изгледа пристојно. „Вегета“ за брзо време станала неверојатно популарна низ Југославија, а потоа производот почнал да се шири и надвор.
Денес „вегета“ се продава во над 40 земји во светот, на сите континенти. Благодарение на Злата и нејзиниот изум, „Подравка“ стана светска компанија со овој најпродаван производ, а сиромашниот град Копривница процветал. Над 50 компании во светот се обиделе да го копираат овој зачин.
Злата во текот на животот добила различни награди, а починала во 2008 година, на 88-годишна возраст.
Еднаш, за време на едно интервју, таа кажа кој е рецептот за нејзиниот успех:
- Цел живот сонував да создадам нешто што ќе биде корисно. Сакав да учам многу, да читам и да проучувам некои работи што не беа во мојата област, дури и по цена на непроспиена ноќ.
Извор:
Radioaktivni Komarac/Facebook
Фото:
Facebook