X
 07.11.2024 Наука

Научник проучувал пациенти што биле клинички мртви - тврди дека постои задгробен живот

Сем Парнија, научник и вонреден професор во Медицинскиот центар при Универзитетот „Лангоне“ во Њујорк, верува дека открил докази кои го потврдуваат постоењето на задгробен живот.

Веќе 30 години тој ги анализирал студиите во кои биле вклучени пациенти што биле клинички мртви кратко време, бидејќи нивното срце застанало, а потоа успешно се вратиле во живот. Повеќето од нив велат дека го проживувале секој момент од животот.

Особено е интересно што повеќето од нив опишуваат дека доживеале спомени, не само од своја перспектива, туку и „преку очите на другите луѓе“. Тој феномен го опишува како „рана фаза на смртта“, а преку истражување се обидел да открие каде завршува животот, а каде почнува смртта.

- Го проучував ова на илјадници луѓе користејќи многу различни научни методи. Неверојатно, но пациентите велат дека во тој момент минуваат низ ново искуство. Чувствуваат дека нивната свест станува полуцидна и се обидуваат да соберат информации за тоа што се случува додека лекарите и медицинските сестри се обидуваат да ги оживеат - рекол научникот.

Тој објаснил дека во оваа состојба тие го проживуваат секој момент од својот живот и интеракциите што ги имале со другите, од своја и од туѓа перспектива.

- На пример, ако повредат некого, ја доживуваат истата болка како таа личност. Ако направиле нешто што предизвикало среќа кај другите, тие ги доживуваат своите позитивни емоции - истакнал Парнија.

Со години студиите покажуваат дека човечкиот мозок продолжува да функционира нормално кратко време по смртта, иако срцето застанува. Исто така, докажано е дека мозокот може да има спорадични изливи на активност дури и по еден час без кислород.

- Ништо од ова не е како што очекувавме да биде. Одеднаш го оценувате целиот свој живот врз основа на призмата на моралот и етиката - додал Парнија.

Иако мозочната активност по клиничката смрт сè уште се истражува, главното прашање меѓу експертите е зошто толку многу луѓе имаат слични искуства во таа ситуација.

Извор: jutarnji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука