X
 23.09.2015 Култура

Мајкл Фарадеј за менталната дисциплина и нашите желби

Англискиот физичар и хемичар Мајкл Фарадеј (1791-1867) стои зад науката за електромагнетизам, што ќе биде основа за нашето знаење за универзумот и без која Ајнштајн не би бил повеќе од експериментатор. Фарадеј бил и човек со огромно знаење од областа на психологијата.


Во 1854 година, тој одржал предавање за ментална дисциплина во кое зборувал за човековите желби и начинот на кој луѓето се залажуваат за своите желби.

„Помеѓу сите тие делови од самостојното учење кои се во форма на ментална дисциплина има еден многу важен и многу тежок за соочување бидејќи вклучува внатрешен конфликт и еднакво ги допира нaшата суета и нашиот мир“, пишува во транскрипцијата на неговото предавање.

„Се состои во тенденцијата да се залажуваме без оглед на тоа што го посакуваме и способноста за отпор на овие желби. Невозможно е некој кој не бил ограничен од неговите занимање или мисли до навика за постојано поправање, да биде свесен за грешката во врска со проценката која се раѓа од оваа тенденција. Силата на ова искушение кое нè поттикнува да бараме докази кои се во прилог на нашите желби и да не ги земаме предвид оние кои им се спротивставуваат, е чудесно огромна. На овој начин, сите ние, помалку или повеќе, сме активни застапници на грешки“, кажал Фарадеј на предавањето.

Според него, „желбата ја правиме татко на мислата“ и сè што одговара на нашите желби ги примаме пријателски, а ги отфрламе оние кои не ни одговараат, иако најчесто се бара обратното.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура