X
 06.04.2017 Забава

Експерименти кои ќе го разбудат научникот во Вас

На научникот во Вас веројатно му се интересни меурчињата од сапун, па зошто да не се обидете да направите некои домашни експерименти? Ние Ви нудиме неколку за кои Ви се потребни состојки што е веројатно да ги имате.

Спремете се да создадете светлина, да направите кристали и да лансирате ракета во домашната лабораторија.

Кристални пердуви со сол

Веројатно сте пробале да направите кристали од сол во текот на Вашето школување. Овој пат потребно е да користите пердуви во експериментот кој е многу едноставен и евтин, а потребно е само трпение да се видат резултатите. Ова е лекција за испарување, а ќе Ви бидат потребни сол во малку вода и пердув закачен над смесата.

Лансирање на ракета

Како популарните експерименти со сода бикербона и оцет, оваа ракета го користи создавањето на гас и енергија за да се вивне кон небото. Деталните инструкции погледнете ги овде.

Електрична енерија од компир

Кога клинци и бакарни жици се судираат се генерира топлина. Но со некоја магија со компир, својствата на шајките и бакарот остануваат разделени, дозволувајќи топлината да стане електрична енергија потреба да ги наполни уредите. За да ја изградите оваа батерија погледнете ги инструкциите овде.

Вулкан од сода бикербона и оцет

Прелевањето во овој експеримент е резултат на комбинацијата од сода бикербона и оцет (и црвена боја за лава ефект) што прави јаглеродниот диоксид да се претвори во гас. Ова е вистински вулкан во мали размери. Кликнете овде за повеќе инструкции.

Обоени цветови

Дознајте како растенијата пијат вода со боја за храна. Користете каранфили, рози или стебленца од целер потопен во обоена вода и гледајте како течноста полека навлегува во растението кон листовите. Би можеле да направите шарен букет за еден ден. Погледнете ги инструкциите овде.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава