Гонзало Мораторио стави мораториум на заразата со новиот коронавирус. Вирусологот, кој работи на Институтот „Пастер“ на Универзитетот во Монтевидео, денес во Уругвај се смета за голема ѕвезда.
Во Уругвај луѓето му приоѓаат на улица, се запознаваат со него, му се заблагодаруваат, му плаќаат пијалаци кога ќе го сретнат во кафуле. Во неговата земја тој добива сосема друг третман за разлика од неговите колеги во другите земји, кои се нападнати, навредувани или се обвинети дека тие се виновни за жртвите на пандемијата.
Но, има голема причина што Гонзало Мораторио има популарност на рок-ѕвезда. Неговата земја досега имала само 135 смртни случаи од Ковид-19 и 16.728 заразени. Аргентина има 1.583.297 заразени и 42.650 смртни случаи, Бразил има 7.484.285 заразени и речиси 200.000 смртни случаи.
Во Уругвај, 50 луѓе починале по 10 декември, што покажува дека земјата се соочува со втор бран, но и понатаму нејзините податоци се далеку подобри отколку на соседите.
- Ние сме некое отстапување, како грешка во матрицата. Си купуваме време. А тоа време е скапоцено - вели уругвајскиот научник.
Мораторио докторирал во Париз во 2018 година, на Институтот „Пастер“, а на почетокот од оваа година на Институтот „Пастер“ во Монтевидео добил и сопствена лабораторија во која имал намера да ги проучува мутациите на вирусот и како може да ги направи помалку опасни. Но, во март со колегите од другите јужноамерикански земји тој се најде во онлајн-дискусија за тоа што треба да се направи со новиот коронавирус. Повеќето од нив не се возбудувале многу, а во Уругвај се сметало дека новата опасност ќе ги заобиколи. Во случај на Уругвај тоа може да се заклучи, со оглед на тоа што земјата има 3,5 милиони жители, и успешно минато: успеа да ги избегне жолтата треска, вирусот зика и други заразни болести од кои страдаа соседните земји. Но, постојат предуслови за тоа - Уругвај има добро развоен систем за јавно здравје во кој има робусна епидемиолошка служба. Но, Мораторио навреме сфати дека дури и тоа нема да биде доволно за да се избегне вирусот. Наспроти популарното верување, тој инсистирал веднаш да се почне со тестирање и позитивните да се изолираат. Но, се соочил со проблем што сите земји го имаа - дијагностиката набрзо исчезна.
Имало само една решение - Уругвај да стане независна од надворешните решенија за тестирања. Од 13 март, кога бил откриен првиот случај на Ковид-19, земјата прогласи вонредна состојба, затворајќи ги училиштата, продавниците, ограничувајќи ги летовите и граничните премини. Од луѓето се побарало да се изолираат. Дотогаш Мораторио и неговиот асистент Пилар Морено заедно со вработените во неговата лабораторија развиле сопствен тест кој исто така ја користи ПЦР-техниката за откривање на САРС-КоВ-2. Со помош на министерството за здравство беше обучен персоналот и беше создадена мрежа за тестирање во цела земја. До крајот на мај
Уругвај можеше да тестира по 800 луѓе на ден.
Уругвај се бори со пандемијата на импресивен начин. Но, како и другите земји, во Уругвај сега се забележува пораст на позитивните и починатите, а Гонзало е внимателен човек.
- Се плашам дека во еден момент нема да можеме да ја спречиме заразата - вели тој.
До денес, Мораторио има објавено 40 научни трудови, развил патентиран начин за развој на синтетички вакцини против РНК-вируси. Да не заборавиме, има само 38 години.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Screenshot/YouTube