X
 07.12.2016 Живот

Љубов, загуба и животни лекции- Писмо до самата себе

Сакав да бидам писател, уште од кога бев мало девојче. Јас секогаш сум се изразувала подобро преку моето пишување.

Имам напишано писма до три лица во текот на последните десет години, сите се многу значајни во мојот живот. Сметам дека секое од овие писма ја завршија својата работа, па затоа одлучив да напишам уште едно. Овојпат разликата е што ова писмо го адресирам до самата себе.

Никогаш не сум се чувствувала добро за себе, и тоа е долг пат. Сакам да практикувам да се сакам самата себеси. Мислам дека ќе започнам со зборовите: „Ти си многу посилна отколку што мислиш. Ти ги надмина сите пречки кои беа на твојот пат досега и излезе посилна. Тоа беше по избор.

Некој драг пријател ти вели: „Јас избрав да бидам добра личност, бидејќи сакам тоа да бидам. Толку едноставно е тоа“.

Понекогаш не ја вреднуваше неговата мудрост што ти ја даде. Те научи на трпеливост и доверба. Тој те учи дека нé секој си заминува. Мора да се сетиш да му се заблагодариш за тоа.

Сега многу нешта се променија во последните неколку години. Сигурно си мислиш дека тоа било лошо нешто. Имало многу моменти на сомневање и болка во себеси, но ти го надмина тоа.

Многу луѓе дошле во твојот живот и многу луѓе си заминале. Боли долго време и се чувствуваше повторно како во детството. Не зборуваше за ова со никого, а тоа ти сметаше, бидејќи истото нешто ти се случува. Мора да го оставиш тоа позади тебе.

Луѓето доаѓаат во твојот живот со причина, и те учат што треба да знаеш

Постојат луѓе што засекогаш ќе останат во твојот живот бидејќи постојано учите еден од друг и растете заедно. Но има некои луѓе кои си заминуваат многу брзо. Нештата биле забавни некое време, сте се дружеле и сте правеле за првпат некои работи, си научила многу нешта од луѓето со кои си била опкружена. Секогаш ќе има место за нив во твоето срце, бидејќи научи многу важни животни лекции, иако тоа значи дека тие требало да си заминат.

Долго време беше изгубена. Беше скршена од лошите одлуки и од недостатокот на насока и само вредност. Но во ред е, сега можеш да си простиш. Имаш уникатен начин на гледање на животот од повеќето луѓе на твоја возраст и никогаш немој да го изгубиш тоа. Негувај ја твојата уникатност.

Остави ја твојата светлина да свети толку силно што другите ќе знаат каде да те најдат. Живеј за моментот

Помина премногу време во размислување каков сакаш твојот живот да биди во иднина и не го цениш моментот кој го доживуваш.

Ти конечно научи кои ти се вистински пријатели и кој е искрен со тебе. Држи се секогаш до овие луѓе, бидејќи тие се оние кои ќе одат низ оганот заедно со тебе.

Не се труди околу никој кој ги нема твоите вибрации. Почитувај ги и нека твојата светлина свети секаде каде одиш, остави ја сета негативност

Не биди самокритична, не дозволувај да паднеш во негативноста, навика која си ја научила кога си била малечка. Само биди свесна за тоа и смени го твоето размислување во позитивно. Ова прави разлика во твојот живот. И ако некогаш заборавиш, само потсети се на добрите нешта што си ги направила за себе. Ти веќе постигна големи работи.

Никогаш не се срами што си сонувала да бидеш поп ѕвезда кога си била малечка и дека и сега тајно фантазираш за тоа. Никогаш не се плаши да танцуваш. Секогаш си го сакала тоа, дозволи си да бидеш слободна.
 
Не го сфаќај животот сериозно цело време


Никогаш не се плаши од своето срце, од твојата интуиција. Твојата интуиција е твојата моќ и никој не може да ти ја одземи. Прифати го она што не можеш да го промениш и работи само за себеси. Однесувај се кон секого со љубов и љубезност, бидејќи ти не знаеш каде животот нив ги донел.

Не пиј премногу кога си тажна. Имај вечера со твоето семејство и биди благодарна за секоја минута помината со нив. Семејството е најважната работа.

Имај верба дека твоите молитви ќе бидат одговорени

Наспиј се добро. Грижи се за себе. Вежбај. Читај ја секоја книга која ќе ти дојде до дофат. Запали некоја миризлива свеќа. Исклучи го мобилниот телефон одвреме навреме. Медитирај.

Смеј се често. Љуби страсно. Живеј слободно.

Со љубов, Јас

Пишува, Алисон Тимпа

SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот